Достапни линкови

logo-print

Откриена нова масовна гробница близу Сребреница


Нова масовна гробница е пронајдена близу до Сребреница во БиХ, јавува босанската агенција ФЕНА. Обвинителот Фатима Хаџибегановиќ изјавила дека човечките остатоци биле пронајдени во село на периферијата на Сребреница. Во гробницата имало многу тела кои биле пренесени од друго место со цел да се скрие злосторството. За време на војната во БиХ од 1992 до 1995, во Сребреница беа масакрирани околу 8.000 муслимански мажи и момчиња.
XS
SM
MD
LG