Достапни линкови

logo-print

Полска ја подржува Македонија за влез во ЕУ


Полска ќе ја поддржи Македонија во декември за отпочнување преговори со Европската унија, изјавил денеска во Варшава полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски по средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Ја поддржавме Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт и сега сме за отворање преговори за членство во Европската унија, изјавил Шикорски. Министрите разговарале и за спорот за името со Грција. Министерот Милошоски оценил дека прашањето за името ќе биде затворено кога ќе има искрена политичка волја од двете страни
XS
SM
MD
LG