Достапни линкови

ЕУ ќе ја одмрзне помошта за Бугарија


Европската комисија денеска најавила дека ќе ја одмрзне помошта за Бугарија, бидејќи таа балканска земја успешно започнала да спроведува реформи во јавната администрација. Портпаролот на ЕУ, Марк Греј изјавил дека ќе одблокираат 82 милиони евра помош за Бугарија, кои беа наменети за земјата кога таа влезе во Унијата во 2007-та. Греј навел дека не знае дали Бугарија ќе ја добие сета помош која е наменета за неа. ЕУ замрзна околу 500 илјади евра помош за Софија, во 2008-та, поради маловерзации со средствата од Унијата.
XS
SM
MD
LG