Достапни линкови

Иран нема да испраќа ураниум во странство


Иран нема да испраќа ураниум на дозбогатување во странство, јавува иранската новинаска агенција ИРНА. Како што јавува агенцијата Министерот за надворешни работи, Манучер Мотаки изјавил дека Иран сепак ќе размисли за збогатување на ураниум во самата земја. Според нацрт-договор,на ОН, Иран требаше да испрати околу 75 проценти од своите резерви на ниско збогатен ураниум во Русија и Франција, да бидат претворени во гориво за понатамошните потреби на Техеран. Договорот на ОН имаше за цел да се намалат сомневањата дека Иран можеби се обидува да развие нуклеарно оружје

XS
SM
MD
LG