Достапни линкови

Ирачката изборна комисија ги откажа своите активности


Од Ирачката изборна комисија изјавиле дека ќе ги откажат сите свои активности врзани за подготовката на изборите кои треба да се одржат на 18 јануари. Ваквата одлука ја донеле откако претходно ирачкиот вице-претседател Тарек Ал Хашеми ставил вето на дел од изборниот закон, со што повторно е под прашање одржувањето на општите избори во Ирак, предвидени за јануари. Законот ќе биде вратен во парламентот. И курдите најавија бојкот на изборите. И едните и другите бараат повеќе места во парламентот. Евентуалното одлагање на изборите во Ирак може да ги наруши и американските планови за повлекување на воените сили од таа земја до крајот на август.


XS
SM
MD
LG