Достапни линкови

logo-print

Изборите во Ирак под прашање


Ирачкиот вице-претседател Тарек Ал Хашеми ставил вето на дел од изборниот закон, со што повторно е под прашање одржувањето на општите избори во Ирак, предвидени за јануари. Хашеми смета дека не се предвидено доволен број места за исселените ирачани, повеќето од нив сунити, кои побегнаа од земјата по американската инвазија во 2003-та година. Законот ќе биде вратен во парламентот. И курдите најавија бојкот на изборите доколку не им бидат обезбедени поголем број места. Евентуалното одлагање на изборите во Ирак може да ги наруши и американските планови за повлекување на воените сили од таа земја до крајот на август.
XS
SM
MD
LG