Достапни линкови

Се помалку време за решение


Премиерите на Македонија и Грција

Премиерите на Македонија и Грција

И покрај оптимизмот на дипломатите дека е можно позитивно решение на спорот за името, јавноста веќе се подготвува на можен „втор Букурешт“. Експертите оценуваат дека тоа може да значи „затегнување“ на односите во владеачката коалиција.

Со објавувањето на позициите на Грција за прашањето за името од средбата на Држвниот врв се чини дека јавноста веќе се подготвува дека е многу извесно оти е тешко Советот на министри да ги прифати препораките на Европската комисија Македонија да добие датум
Нам ни требаат пријатели, кои ќе пробаат да лобираат во Грција да не се слуши лошо сценарио за нас што е одбивање на препораката на Европската комисија.
за отпочнување на преговорите. Кај дипломатите и натаму опстојува оптимизам дека позитивно сценарио е можно. Аналитичар Алберт Муслиу се надева дека може да биде постигнат напредок и оти напорите ќе се интезивираат и оценува дека во овој момент потребно е да останеме посветени на процесот.

„Нам ни требаат пријатели, кои ќе пробаат да лобираат во Грција да не се слуши лошо сценарио за нас што е одбивање на препораката на Европската комисија.“

Поради неизвеснсота околу можниот нов неуспех како претходниот во Букурешт се поставуваат прашања со кои од владата се бара да каже што понатаму по 7 ми декември. Не гледам зошто би се правело некакво ново сценарио и пресврт во некаква обратна насока кога она што е стратегиска политика на државата и осбено ако зад неа стои над 90 проценти од населението остнува константа, вели професор Билјана Ванковска. Одговорот на владата според неа треба да треба да се движи во насока на продолжување со работа врз остварување на реформите кои не се завршени иако добивме позитивен
Дали тоа ќе значи само излегување на ДУИ од власта, радикализација на позициите со коалицискиот партнер или здружување на ДУИ со опозицијата, тоа треба да се види. Во секој случај, имаме најави дека за Албанците нема друга алтернатива освен евро атлантските интеграции.
извештај од ЕК и во одржување пријателски и кооперативни односи со оние што земјава ги одбрала за свои стратегиски партнери

„Ми се чини дека е многу битно да се покаже и докаже таа реформаторска волја, тој пат кој веќе се чекори. Во исто време владата покажува дека не планира драматична пресвртница во врска со преговорите со името. Тоа значи, дека тоа е можно да трае многу подолго време и повеќе години од она што мнозина би посакувале.“

Политичкиот Анлитичар Алберт Муслиу смета дека недобивањето датум ке значи влегување во затегнати политички односи во Македонија и радикализирање на политичките позициии на албанскиот политички фактор како во власта така и во опозицијата затоа што албанскиот електорат има јасни барања за евро атлански интеграции

„Дали тоа ќе значи само излегување на ДУИ од власта, радикализација на позициите со коалицискиот партнер или здружување на ДУИ со опозицијата, тоа треба да се види. Во секој случај, имаме најави дека за Албанците нема друга алтернатива освен евро атлантските интеграции.“

Било каква евентуална радиалзиација само ке го потврди фактот дека ние не сме зрела демократија и оти не знаеме што значи чекорење кон повисоки форми на интегрирање коментира Ванковска. Според неа притисокот во таа смисла не е стимулативен туку со иситиот би ги заслабиле нашите позиции и во однос на преговорите.

„Доколку дојде до дестабилизација, тоа е факт дека не заслужуваме ниту да бидеме примени.“

Во владата упатуваат на изјавите по средбата на државнот врв дека земјава останува на разговорите за името и покрај максималистичките позиции на Грција .
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG