Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето- сончево со мала облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево, релативно топло и претежно тивко, со мала до умерена локална облачност во североисточните делови. Во ноќните и утринските часови по котлините и речните долини има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе се растура. Утринската температура се движи од нула до шест, а дневната ќе биде од 14 до 21 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, релативно топло и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и утринските часови има појава на магла која во текот на денот ќе се растура. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе достигне до 16 степени.
XS
SM
MD
LG