Достапни линкови

Нема да има новинари на инагурацијата на Карзаи


На новинарите ќе им биде забрането во четврток да присуствуваат во претседателската палата во Авганистан за време на инагурцијата на претседателот Хамид Карзаи.Портпаролот на Карзаи изјавил дека на таков чекор се решиле поради безбедносни причини, а и немало доволно место за новинарите. Тој додал дека на церемонијата ќе присуствуваат 800 гости, меѓу кои 300 странски претставници. Новинарите ќе мора да го покриваат настанот од седиштето на авганистанската државна телевизија во Кабул
XS
SM
MD
LG