Достапни линкови

И Претседателот Иванов упатил писмо до ЕУ


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов упатил писмо до неговите колеги од земјите членки на ЕУ во кое, во свое лично име и во името на граѓаните на Македонија побарал поддршка за определување на датум за почеток на преговори за членство на земјата во Унијата. Претседателот Иванов изразил верување дека претстојниот Европски совет ќе ги има предвид пошироките заеднички цели и интереси и ќе донесе правилна одлука. Претходно писма со слична содржина до своите колеги испратија и вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски, министерот за надворешни работи Антонио Милошовски и собранискиот спикер Трајко Вељановски.

XS
SM
MD
LG