Достапни линкови

logo-print

ЕУ:Визите за политичарите во Белорусија ќе важат до 2010


Европската Унија денеска го пролонгираше одмрзнувањето на визите за високите политички претставници на Белорусија, меѓутоа не ги отстрани другите санкции затоа што заклучиле дека земјата не направила прогрес во политичките реформи.
ЕУ им ги забрани визите на Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и на десетина други официјални лица, откако тој беше обвинет за местење на неговиот реизбор во 2006 –та година.. Забраните беа одмрзнати во октомври 2008 година, со цел да се охрабрат реформите. Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел денеска одлучиле да го продолжат важењето на визите до октомври 2010 година за поттикнување на демократски реформи.
XS
SM
MD
LG