Достапни линкови

Опозицијата бара информации за преговорите за името


Државниот врв на консултации во врска со преговорите за името
Државниот врв на консултации во врска со преговорите за името

За опозиционите партии најбитно е што Македонија останува посветена на преговорите за името под покровителство на ОН, но тие имаат забелешки поради тоа што средбите на државниот врв вообичаено остануваат обвиткани во тајност и без информации за релевантните политички партии.

Најбитно е што Македонија останува посветена на преговорите за името под покровителство на Обединетите Нации, но државниот врв треба да покаже многу посериозен пристап во преговорите кои се клучни за земјава и на повисоко ниво да оствари разговори со лидерите на сите политички партии, забележуваат претставниците на поголемите политички субјекти по синоќешната средба на државниот врв на која тема беше идната стратегија во преговорите. По средбата до која дојде по последните барања што ги испорача Грција во Њујорк, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека амбасадорот Зоран Јолевски во наредниот период
Треба да излезе Груевски и да каже што мисли да прави
ќе биде на располагање на релевантните политички партии кои сакаат да ги извести непосредно за најновите информации по средбите во Њујорк. За партиите од опозицијата таквиот приод покажува несериозност.

,,Треба да излезе Груевски и да каже што мисли да прави. Со излегување во јавноста на Милошоски, со упатување на сите заинтересирани да се информираат кај Јолевски, всушност се создава еден впечаток како ние да фингираме и овде пред домашната јавност дека сме загрижени за сето она што ќе се случи на 7 декември, а имам впечаток како да веќе на сите ни е јасно дека не чека уште едно фијаско."

Како несериозна Владо Бучковски од СДСМ ја оцени и изјавата на Милошоски кој вчера потенцирајки дека максималистичките
На повисоко ниво да се седне да се разговара со сите лидери на политичките партии. Добиваме информации од Грција дека не е кажано во Њујорк тоа што овде ни се кажува дека е кажано
позиции на Атина не биле големо изненадување за македонската страна, рече дека можеби во македонската јавност се создало чувство на изненаденост повеќе затоа што одредени опозициски политичари со своите манипулативни настапи создале погрешно чувство и очекувања. Роза Топузовска Каровска од ЛДП има забелешки поради тоа што средбите на државниот врв вообичаено остануваат обвиткани во тајност:

,,На повисоко ниво да се седне да се разговара со сите лидери на политичките партии. Добиваме информации од Грција дека не е кажано во Њујорк тоа што овде ни се кажува дека е кажано."

На вчерашната средба на државниот врв на која македонскиот претставник во разговорите за името, амбасадорот Јолевски, го информираше државниот врв за позициите на грчката страна освен што било договорено дека земјава останува во разговорите и покрај максималистичките позиции на Грција изразено е и очекување од Атина да се придружува на Времената спогодба и да не ја попречува евроинтеграцијата на
Доколку ние самите себе си сакаме да се залажеме, мислам дека тогаш навистина ние губиме време во преговорите
Македонија:

,,Доколку ние самите себе си сакаме да се залажеме, мислам дека тогаш навистина ние губиме време во преговорите. Децидно и јасно се кажува дека Македонија мора да го реши проблемот со името што го има со Грција и затоа ние треба да се фокусираме на решавање на проблемот."

Непоходно е државава да продолжи во преговорите со Грција за наоѓање решение за името, а на внатрешен план да има консензус од висок капацитет на сите политички партии, оценува Аријанит Хоџа од Нова Демократија. Средбата на државниот врв беше договорена по одделните средби на грчкиот и македонскиот преговарач со посредникот Метју Нимиц на кои двете страни не само што не постигнаа напредок, туку работите се вратиле наназад.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG