Достапни линкови

Пад на странските инвестиции


Фабрика

Фабрика

Освен светската економска криза, според експертите и политичката нестабилност е причина за пад на странските инвестиции. Годинава во Македонија влегле 160 милиони евра странски инвестиции, што е за 250 милиони евра помалку од лани.

Падот на инвестициите се должи и на светската економска криза, но и на политичката нестабилност на земјава, велат дел од експертите. За овие осум месеци во Македонија влегле само околу 106 милиони евра странски инвестиции, што е за 250 милиони помалку во споредба со истиот период лани според податоците на Народна банка. Минатата година од јануари до август месец имаше 350 милиони
Во така намалениот обем на вкупни директни странски инвестиции, Македонија сигурно не е онаа во регионот најатрактивна дестинација што ќе ги привлече тие помалку инвестиции кои сигурно одат во Албанија, во Бугарија исто така одат многу, во Србија
евра странски инвестиции. Кризата придонесе и на светско ниво да се намалат инвестициите, но проблемот е и во банките кои не им даваат кредити на фирмите, вели економистот Ванчо Узунов.

Професор Ванчо Узунов
,,Во така намалениот обем на вкупни директни странски инвестиции, Македонија сигурно не е онаа во регионот најатрактивна дестинација што ќе ги привлече тие помалку инвестиции кои сигурно одат во Албанија, во Бугарија исто така одат многу, во Србија исто така. Македонија во овој потесен наш регион е најнеатрактивната држава и нормален след на нештата е да дојде до пад на странските инвестиции."

Тој додава дека иако и другите земји од околината не се членки на НАТО и ЕУ имаат повеќе инвестиции, бидејќи нудат подобри услови од нашата земја.

,,Тие што не се членки на НАТО и ЕУ имаат некои други предности со кои го компензираат тоа не членство, сепак се на некој друг начин доволно атрактивни за да привлечат инвеститори. Ние очигледно ги немаме ниту тие предности, а истовремено ја имаме таа слабост да не сме ниту земја членка на НАТО и да се приближуваме кон ЕУ."

Падот на странските инвестиции е само поради кризата, а не затоа што не сме членки на НАТО и ЕУ, вели Златко Калеников од Сојуз на стопански комори.
Дури и ние домашните фирми од Македонија, ги замрзнавме нашите инвестиции во услови на криза, тоа е многу нормално

,,Дури и ние домашните фирми од Македонија, ги замрзнавме нашите инвестиции во услови на криза, тоа е многу нормално. Прво банкарскиот сектор не ги следи инвеститорите. Тоа е повлечено од самите банки, никој не инвестира од готови пари, сите инвестираат со проекти и бизнис планови, така што тоа се должи само на претпазливост."

Од Сојузот велат дека работата полека оди во нагорна линија и дека интересот е повторно зголемен и дека полека нвеститорите ќе се вратат во земјава. Тие очекуваат позитивни резултати наредната година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG