Достапни линкови

Македонските ватерполисти во светската лига


Ватерполо репрезентацијата на Македонија вечерва со почеток од 19 часот во базенот „Младост“ во Скопје ќе го има својот прв настап во Светската лига, а противник ќе и биде репрезентацијата на Хрватска. Другите две репрезентации од групата се Русија и Грција. Само првопласираната селекција ќе ги продолжи настапите во следната фаза од натпреварувањето. Минатата година на Европското првенство во Шпанија репрезентацијата заврши на осмото место и со тоа обезбеди пласман на Светското првенство што оваа година се одржа во Италија и на кое македонските ватерполисти го освоија 15 место.
XS
SM
MD
LG