Достапни линкови

Состанок на Јадранската група во Сарево


Денеска и утре во Сараево ќе биде одржана средба на министрите за одбрана на земјите на Јадранската повелба на која ќе учествува и министерот за одбрана на Македонија Зоран Коњановски. Од оваа група Хрватска и Албанија станаа членки на НАТО а сега покрај Македонија во Јадранската повелба се и Црна Гора и Босна и Херцеговина. За време на средбата, министрите за одбрана, како и заменик- министерот за одбрана на Албанија, државниот секреатар од Хрватска, заедно со асистентот на секретарот за одбрана на САД и претставниците на НАТО ќе дискутираат за евроатланската интеграција и регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG