Достапни линкови

Груевски во Лондон


Премиерот Никола Груевски за време на дводневната посета на Обединетото кралство ќе го посети британскиот Парламент, ќе разговара со членовите на парламентарната група за Република Македонија, а ќе се сретне и со спикерот на Долниот Дом Џон Беркоу. Груевски ке има средба со Џон Канлиф, советник за меѓународна и европска политика на британскиот премиер, како и со министерот за Европа при Форин Офисот Крис Брајант. Во британското Министерство за одбрана, Груевски ќе се сретне и ќе разговара со баронеса Тејлор, министер задолжен за прашања од меѓународната одбрана и безбедност. Премиерот Никола Груевски во Лондон ќе учествува во работата на економската презентација на можностите за инвестирање во Македонија.
XS
SM
MD
LG