Достапни линкови

ФАО - неконкретно против гладот во светот


Во Рим продолжува три дневниот самит на ФАО програмата на Обединетите Нации за храна. Неколку часа по отворањето на самитот преставници на 60 земји од светот го одбија барањето на Светската Организација за обезбедување 44 милијарди годишно помош за земјоделски развој на сиромашните земји. Во финалната декларација се изразува посветеност да се намали гладот во светот до 2025 година. Жак Диоф директор на ФАО критикуваше поради недоволно конкретните цели на декларацијата. Според Обединетите Нации секој 6 човек во светот не добива доволно храна.
XS
SM
MD
LG