Достапни линкови

Неизвесна судбина на дијалогот за Босна


По нејасната судбина на Бутмирските преговори за иднината на политичкиот процес во Босна и Херцеговина, Меѓународната кризна група во својот извештај наведува дека доколку преговорите од Бутмир успеат, Канцеларијата на Високиот претставник во БИХ - ОХР ќе биде затворена и патот на БИХ кон интеграцијата во ЕУ и во НАТО ќе се забрза. Доколку,пак, преговорите пропаднат, прогнозира МКГ, меѓународбата заедница ќе биде ставен пред тежок избор: да се засили позицијата на Високиот претставник на меѓународната заедница во БИХ и да го подготви за долготраен политички судир со Република Српска, или да се разработат алтернативни средства што би се воделе од страна на Специјалниот претставник на Европската унија.
XS
SM
MD
LG