Достапни линкови

Посветени на дијалогот


Барак Обама и Ху Џинтао
Барак Обама и Ху Џинтао
Соединетите Држави и Кина се согласија дека Иран мора да докаже дека неговата нуклеарна програма е мирољубива и транспарентна.Американскиот Претседател Барак Обама во Пекинг на заедничката прес конференција со кинескиот претседател Ху Џинтао изјави дека Исламската Република ќе се соочи со последици доколку не покаже мирољубиви намери. Кина и САД исто така побараа да продолжат шест - партитните преговори за нуклеарно разоружување на Северна Кореја.

„И двајцата рековме дека остануваме посветени на дијалогот и консултациите во решавањето на нуклеарното прашање на Корејскиот полуостров.“

изјави кинескиот претседател Ху Џинтао.

Олеснување на економските тензии

Лидерите на Кина и САД се сопгласија и работат врз олеснување на трговските и економските односи меѓу двете земји. Американскиот Претседател Барак Обама изјави.

„Јас сум многу задоволен со кинеската посветеност дадена и претходно да продолжи кон повеке пазарно ориентирани промени во девизниот курс. Јас нагласив во нашите дискусии дека односите врз економска основа ке дадат огромен придонес кон напорите за глобален ребаланс“.
General - China, super computer, undated

Трговијата имено е една од најспорните теми. Вашингтон одамна се жали дека Пекинг намерно и вештачки ја држи ниска вредноста на јуанот за да ги поевтини кинеските стоки на светскиот пазар - нешто што Пекинг го негира од своја страна. Обама изјави дека САД и Кина се надеваат дека договор за климатските промени може да биде постигнат на самитот во Копенхаген следниот месец. Обама, исто така, побара кинеското раководство да започне разговори со доховниот лидер на Тибет во егзил Далај Лама, кој за кинеската Комунистичка партија е сепаратист. По посетата на Кина, Барак Обама утре ке ја посети Јужна Кореја, последна станица од неговата азиската турнеја.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG