Достапни линкови

Концерт посветен на композиторот Коларовски


Центарот на Скопје
Центарот на Скопје

,,Колку многу ѕвезди" е насловен концертот посветен на творештвото на македонскиот композитор Гоце Коларовски што ќе се одржи во рамките на актуелните Есенски музички свечености 2009.

Десетина дела наменети за инструментални и вокални изведби од еден од најплодните македонски композитори Гоце Коларовски се најдоа на програмата на вечерта посветена на педесетгодишнината од неговото раѓање , а насловена како Колку многу ѕвезди. Оваа посвета на предвреме починатиот автор се обистинува во рамките на годинешното издание на манифестацијата Есенски музички свечености, а за одбирот се погрижи д-р Викторија Коларовска Гмирја, музиколог и професор на Факултетот за музичка уметност.

,,Програмата некако сама по себе си најде место и се испостави дека има своја внатрешна оправданост и своја логика. Претставени се дела од различни периоди на неговото творештво, дела кои што се појавија со одредени насоки, со одредени стилски обележја кои што ги прават на некој начин единствени. Од друга страна слушајќи ги, ќе се види дека во секој од нив може да се препознае одреден дел од
Претставени се дела од различни периоди на неговото творештво, дела кои што се појавија со одредени насоки, со одредени стилски обележја кои што ги прават на некој начин единствени
личноста на Гоце Коларов."

истакнува Коларовска Гмирја. Од програмата посебно за издвојување се премиерите на Сцени, делото за пијано создадено во 1987 година, Алузии на 1906 напишано по повод 100 години од раѓањето на Шостакович и Сам езгија, композиција за кавал од 1997 година, а тука се и Зурлаџиска настаната три години подоцна, Тежок македонски танц од 2004 и други творби. Во рамките на ова претставување на авторот бележито е и учеството на македонските уметници како пијанистките Елена Атанасовска Ивановска, Марија Вршкова, инструменталистот на кавал Марјан Јанкоски, обоистката Гордана Јосифова Неделковска, камерниот ансамбл на хорот Драган Шуплевски со Сашо Татарчевски како диригент и други докажани исполнители. Зад овој концерт посветен на композиторот чие творештво стекна признание во земјава и во странство, инаку и долгогодишен професор и декан на ФМУ, автор на повеќе трудовиод областа на музичката култура и образованието, застана Комисијата за уметност и култура на Град Скопје, организатор на Есенски музички свечености, а нејзиниот прв човек Никола Глигоров со дополна:

,,Значи би рекол одбележуваме и максдонски и светски премиери на дела кои што овој извонреден автор ги остави зад себе."

Кон ова само уште информацијата дека снимките од овој концерт ќе се најдат на нов носач на звук на композиторот Гоце Коларовски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG