Достапни линкови

Инвестирањето неопходно за развој на туризмот


Поглед на Охридското езеро

Поглед на Охридското езеро

Туристичките работници се согласуваат дека Македонија има што да им понуди на туристите, но сметаат дека освен промоција за развој на туризмот неопходно е и инвестирање во инфраструктурата, убави хотели, средени тоалети, ресторани и друго.

Македонија има што да им понуди на туристите, но освен промоцијата, потребни се повеќе инвестиции, се согласуваат туристичките работници. Претседателот на Туристичкиот Сојуз на Град Скопје Ангел Иванов наведува практичен пример:

,,Едно одење до Пантелејмон е мала драма со автобус. Од Козле до Пантелејмон е мала драма и обратно. А нашата атракција е една од
Има со што да се пофалиме, но ако нешто ни недостасува тоа е инфраструктурата, патиштата, убавите мотели и ресторани, убави тоалети и хотели од висока категорија
неповторливите, во Европа нема такви фрески како во Пантелејмон."

Иванов вели дека за долгорочен развој на туризмот во земјава, освен промоцијата, потребни се и инвестиции во инфраструктурата и сместувачките капацитети:

,,Има со што да се пофалиме, но ако нешто ни недостасува тоа е инфраструктурата, патиштата, убавите мотели и ресторани, убави тоалети и хотели од висока категорија."

Не е само битно да се обезбедат пари, туку важно е и како ќе се испланира трошењето, вели раководителот на секторот за туризам во Охридската локална самоуправа Гоце Симоновски.

,,Прво ни треба стратегија за оддржлив развој и ни треба посебна соодветна стратегија за развој на туризмот."
Прво ни треба стратегија за оддржлив развој и ни треба посебна соодветна стратегија за развој на туризмот

Дури и дел од жителите на Охрид, град за кој се тврди дека живее од туристичката дејност, велат дека понудата за посетителите е скромна:

,,Ништо не им нудиме на туристите што доаѓаат, слабо."

,,Јас мислам да сум јас, не би дошла."

,,Колку одвојуваат и дали одвојуваат, незнам, но мислам дека не."

Посебно актуелна во изминатиов период беше промоцијата на земјава како атрактивна туристичка локација. Директорот на Агенцијата
Јас мислам да сум јас, не би дошла
за промоција и подршка на туризмот Зоран Стрезовски вели дека минатогодишната промоција била успешна во услови на криза:

,,Ние за првите шест месеци имавме зголемување од десетина отсто на бројот на странски туристи. Значи сите овие мерки даваат резултати."

За идната година, меѓу другото се планира и субвенционирање на надворешниот туристичкли промет. Секој што ќе донесе странски туристи во земјава ќе добие рефундирање на дел од инвестираните пари.
XS
SM
MD
LG