Достапни линкови

logo-print

Вечерва координација на државниот врв за името


Државниот врв вечерва ќе одржи координативна средба на која ќе бидат разгледани последните случувања околу прашањето за името.На средбата која треба да се одржи во претседателската вила „Водно“, македонскиот преговарач Зоран Јолевски, ќе го информира државниот врв за содржината на разговорите со медијаторот Метју Нимиц пред три дена во Њујорк и за позициите на Грција што на посредникот на ОН, ден претходно, му ги соопштил грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

XS
SM
MD
LG