Достапни линкови

logo-print

МААЕ:Во Иран можеби има други тајни нуклеарни објекти


Од Меѓународната Агенција за атомска енергија денеска изјавиле дека со тоа што Иран се уште не дава одговор за нацрт планот на ОН за збогатување на ураним, ги отвара прашањата дали можеби има и други нуклеарни објекти кои ги крие од јавноста.Од Агенцијата изјавиле дека Техеран не допринесува за градење на меѓусебната доверба. Во меѓувреме, Русија, денеска соопшти дека нема да го отвори нуклеарниот реактор во иранската нуклеарна централа Бушер до крајот на годинава, како што беше претходно најавено.


XS
SM
MD
LG