Достапни линкови

Амбасадорот на САД во Приштина ги поздрави изборите во Косово


Американскиот амбасадор во Приштина , Кристофер Дел оценил дека изборите во Косово поминале успешно и им дава оценка 9 од 10. Тој рекол дека граѓаните можат да бидат задоволни од тоа како поминал целиот процес. Дел изјавил дека и граѓаните а и политичарите му покажале на светот дека може да има демократија во Косово. Американскиот амбасадор го поздравил и тоа што косовските срби излегоа на избори.

XS
SM
MD
LG