Достапни линкови

Отворен самитот за храна во Рим


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун говорејќи на самитот за храна во Рим, изјавил дека постигнувањето на договор за климатските промени на самитот во Копенхаген е од клучно значење за глобалната борба против гладот. Бан Ки Мун изјавил дека до 2050-та на земјата можат да живеат и повеќе од 9 милијарди луѓе, а зголеменото население допринесува за промена на климата, која пак доведува до немање на вода, до суши, а времето станува се понепредвидливо, рекол генералниот секретар на ОН.. Околу 60 шефови на држави, министри за земјоделство и други високи функционери, присуствуваат на тридневниот самит, чиј домаќин е шефот на Светската агенција за храна.
XS
SM
MD
LG