Достапни линкови

Четворица загинати во бомбашки напад во Пешавар


Четири лица загинале, а над 20 други биле повредени во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на пакистански град Пешавар во близина на авганистанската граница. Според агенциите, цел на нападот била полициската станица која се наоѓа до воената база во предградието на Пешавар. Во оваа област во последниве неколку недели се интензивираа нападите на талибанските милитанти.
XS
SM
MD
LG