Достапни линкови

Клинтон: САД ќе го напуштат Авганистан по остварување на целите


Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон не е заинтересиран за останување во Авганистан и оти настојува да ја напушти земјата по остварувањето на поставените цели, како што се уништување на мрежата на Ал Каеда и осигурувањето безбедност на Авганистан од терористички напади. Говорејќи за телевизијата Еј Би Си, Клинтон истакнала дека мисијата на САД во оваа земја е да се порази Ал Каеда и да му се помогне на Авганистанскиот народ да може сам да се брани од Талибанците.
XS
SM
MD
LG