Достапни линкови

Египет сака да биде првата земја со интернет домен на арапски


Египетски министер за информатичка технологија Тарек Камел денеска изјавил дека неговата земја сака да биде првата земја од арапскиот свет која ќе започне со употреба на интернет домен целосно напишана на арапски. Египет утре формално ќе побара домен на вториот ден од одржувањето на Интернет конференцијата спонзорирана од ОН, што се одржува во египетското одморалиште Шарм Ел-Шеик.

XS
SM
MD
LG