Достапни линкови

Во Бангкок протести против поранешниот премиер


Илјадници луѓе се собрале денеска во Бангкок со барање да се уапси поранешниот премиер Таксин Шинаватра кој се наоѓа во егзил. Според полицијата на протестите организирани од тајландската ултранационалистичка Народна алијанса за демократија се собрале повеќе од 15 илјади луѓе. Во организација на оваа алијанса во 2006-та, беше соборен Шанаватра и обвинет за корупција и непочитување на кралот.
XS
SM
MD
LG