Достапни линкови

logo-print

Во Иран има повеќе од 1 милион наркозависници


Шефот на иранската агенција за борба против наркотици, Есамил Ахмади изјавил дека во земјата има 930 илјади зависници од хероин. Ако на тоа се додадат и зависниците од други дроги , тогаш во Иран има повеќе од 1 милион наркозависници, изјавил Ахмади. Тој додал дека секоја година има по околу 130 илјади нови зависници. Иранските официјални претставници го обвинуваат соседен Авганистан, најголемиот снабдувач на хероин во светот, за проблемот со дрога во Иран.

XS
SM
MD
LG