Достапни линкови

logo-print

Перес:Ахмадинеџад нема иднина


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад нема иднина, изјавил неговиот израелски колега Шимон Перес.Тој за време на неговата посета на Бразил, изјавил дека не е доволно Ахмадинеџад да потроши стотици милиони долари во целиот свет за да купи влијание и луѓе, туку е потребна позитивна порака за неговите луѓе и за светот. Претседател кој повикува на уништување на друга земја, кој го негира холокаустот, и помага бунтовници со што допринесува за поделба на други земји , нема иднина, изјавил Перес. Во Бразил наредната недела треба да пристигне иранскиот претседател Ахмадинеџад
XS
SM
MD
LG