Достапни линкови

Во Белгија протестира воениот персонал


Повеќе од 2.000 воени претставници протестираат денеска во Белгија, пред Министерството за одбрана, со барање Владата да не ги спроведе воените реформи со кои ќе се намали бројот на воениот персонал за 20 проценти. Според реформите, треба да се затворат 23 од 800 касарни, а бројот на војници од 42.000 војници ќе се намали на 34 илјади. Министерот за одбрана Питер Де Крем изјавил дека ја разбира загриженоста, но реформите мора да се спроведат.
XS
SM
MD
LG