Достапни линкови

Авганистан ќе добие американски авиони


Американската војска во наредните две години ќе му подари 20 транспорти авиони на Авганистан, соопштиле американските и авганистанските власти. Два авиони веќе се испорачани. Генералот на американската армија, Стенли Меккристал во Кабул изјавил дека останатите авиони Авганистан ќе ги добие до 2011-та. Тој изјавил дека авионите ќе им овозможат на авганистанските сили да продолжат со спроведување на воздушните мисии, кои сега ги спроведуваат заедно со коалиционите сили. На авганистанките воздухопловни сили им недостасуваат модерни авиони.
XS
SM
MD
LG