Достапни линкови

Дел од избирачките места во Северно Косово не се отворени


Повеќе од 98 проценти од избирачките места се отворени денеска за локалните избори кои се одржуваат во Косово. Не се отворени само некои избирачки места на северот од Косово , соопштила претседателката на Главната изборна комисија, Несрин Љушта. Таа изјавила дека тоа се и очекувало, па затоа има алтернативни избирачки места и мобилни екипи кои ќе им овозможат на граѓаните што сакаат да гласаат, за го сторат тоа. Право на глас имаат повеќе од 1, 5 милиони жители.
XS
SM
MD
LG