Достапни линкови

Наскоро договор меѓу Русија и САД за нуклеарно разоружување


Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Дмитри Медведев денеска изразиле уверување дека нивните земји до крајот на годината ќе имаат нов договор за намалување на нукларното оружје. Двајцата претседатели се сретнаа на маргините на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка во Сингапур. Без да се спомнат повеќе детали , Медведев и Обама соопштиле дека сега остануваат само да се договорат техничките и политичките прашања од договорот. Вашингтон и Москва веќе се согласија на нацрт договор за намалување на стратегиско оружје,со кој треба да се замени стариот договор кој истекува во декември.

XS
SM
MD
LG