Достапни линкови

Светските лидери повикаа за нов економски модел


Лидерите од Азиско-Пацифицкиот регион повикаа на донесување нов економски модел со кој ќе се осигура светскиот економски раст. Во завршната изјава на светските лидери дадена на самитот за Азиско-Пацифичка Економска соработка кој се одржува во Сингапур, се наведува дека бизнис светот неможе да се врати на старите стратегии за справување со економската криза. Тие ветиле дека ќе ги задржат своите економски стимулативни политики се додека не се опорави светската економија. Лидерите се договориле дека земјите мораат да работат за создавање на силен и одржлив економски раст, да ги прошират можностите во сите сектори на општеството, да се подобри грижата за животната средина, да се намали сиромаштијата. На форумот за Азиско-пацифичка економска соработка присуствуваат лидери на повеќе од 20 држави, вклучувајќи ги и претседателот на САД Барак Обама и на Русија Дмитриј Медведев.

XS
SM
MD
LG