Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат тензиите меѓу Колумбија и Венецуела


Четворица припадници на Националната гарда на Венецуела биле притворени во Колумбија поради продолжувањето на тензиите меѓу двете земји. Колумбискиот претседател Алваро Урибе најавил дека притворените ќе бидат вратени во Венецуела.Тензиите меѓу Колумбија и Венецуела се влошија во последниве неколку месеци, кога Колумбија даде согласност , армијата на САД да има поголем пристап до колумбиските воени бази. Таквиот договор, претседателот на Венецуела, Хуго Чавез го опиша како закана за Венецуела. Чавез, потоа нареди Венецуела да се подготви за можна војна со Колумбија. САД и Колумбија, ја отфрлија можноста за било каква закана за Венецуела.

XS
SM
MD
LG