Достапни линкови

Обама и Медведев се среќаваат во Сингапур


Претседателите на Соединетите држави и на Русија, Барак Обама и Дмитри Медведев ќе се сретнат денеска на маргините на форумот за Азиско-Пацифичка економска соработка кој се одржува во Сингапур. Се очекува двајцата лидери да разговараат за тоа до кај е новиот договор за нукларно разоружување на двете земји. Вашингтон и Mосква веќе се согласија за нацрт договорот, меѓутоа сеуште се разговара за деталите на договорот, со кој треба да се замени стариот кој истекува во декември. Двајцата претседатели се очекува да разговараат и за иранската нуклеарна програма


XS
SM
MD
LG