Достапни линкови

Локални избори во Косово


Граѓаните на Косово денеска гласаат на локалните избори, први во организација на косовските власти, откако земјата прoгласи независност минатата година. Повеќе од 1,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на изборите за градоначалници и членови на локалните управи во 36 општини. Се очекува српското малцинство кое брои повеќе од 120 илјади луѓе, да ги бојкотира изборите. Поради тензиите меѓу ривалските партии на етничките Албанци,и пријавените закани ,властите ангажирале повеќе од 5.000 полицајци на должност за да се зголеми безбедноста на изборите.
XS
SM
MD
LG