Достапни линкови

Неделен печат - Уводниците посветени на ,,Демос"


,,Форум" и ,,Фокус" своите уводници ги посветуваат на новоформираниот Институт Демос, дали тој ќе биде ,,третиот пат" и дали и какво влијание ќе одигра врз политчката сцена во Македонија

И ,,Форум,,и ,,Фокус,, своите уводници ги посветуваат на новоформираниот Институт Демос, дали тој ќе биде ,,третиот пат,, и дали и какво влијание ќе одигра врз политчката сцена во Македонија, особено, дали Црвенковски ќе има или ќе нема ќар од неговото формирање. ,,Форум,,во уводникот насловен со ,,Deja vue,, нарекувајќи ги демосовците ,,Бранкови трабанти,, смета дека тие ќе бидат во функција на Црвенковски бидејќи ќе спречат, на евентуални предвремени избори предизвикани од не или од решавањето на спорот со името, гласовите на незадоволните СДСМ-овци да појдат повторно кај ВМРО-ДПМНЕ. Ако и побратимите, денешните соперници на некогашната ДПМНЕ, со иста улога, штрбнат некој глас од дружбата на Груевски, продолжува ,,Форум,, тогаш најголем добитник ќе биде Бранко Црвенковски и е можно да се повтори распоредот на силите и разврската од првите парламентарни избори: при јасна, но сепак недоволна победа на сега владејачката партија, влада да формира Црвенковски во сојуз со ,,трабантите ,, од Демос, но, и НП на Георгиевски, Обединети за Македонија, секако и ДУИ.,,Форум,, го завршува уводникот со прашањето-размисла: дали нема да се повтори разврската како онаа по појавата на ДА, која исчезна од сцената полакомена по власт, а зад себе ги остави СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, консолидирани и посилни? ,,Фокус,, пак, во својот уводник смета дека на сцена е своевиден тендер за избор на способен опозиционер кој најбезболно би го срушил Груевски со ново парламентарно мнозинство, доколку власта на 7 декември не добие датум за преговори. Притоа, ,,Фокус,, смета дека Демос ја разигрува варијантата на техничка влада, но без Црвенковски,така што јавноста полесно би го ,,голтнала,, рушењето на Груевски, оти тој заминува, ама, и страшилото Црвенковски, како што пишува, не се враќа. Но, Црвенковски кој не се откажува од борба, ако не може на тендер можел со спогодба во четири очи, како што било, бездруго, направено зад сцената, на средбата со Али Ахмети во Мала Речица. ,,Фокус,, завршува со тезата дека за тендерот, сепак, ќе решава меѓународната заедница, која, како што пишува, за атер на Ахмети и за Шекеринска, на пример, ќе пуштела срце и уште еднаш ќе ставела државно знаме во Речица, иронично алудирајќи на поставувањето на државното знаме кога во минатата недела Црвенковски таму се сретна со Ахмети. Неделникот ,,Глобус,, акцентот повторно го става врз приближувањето на 7 декември и во статијата со наслов ,,Грчкото вето – нечија желба или неминовен чин,, прашува дали власта си подготвува алиби со тоа што најавува прекинување на преговорите и враќање на антиквизацијата? ,,Глобус,, смета дека песимистичкото сценарио би било, на 7 декември да не се добие датум, со што натамошното учество на Албанците во власта би станало беспредметно, а за ВМРО-ДПМНЕ би немало друга опција освен застранување во тврд национализам!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG