Достапни линкови

Франција и Бразил заедно против климатските промени


Претседателите на Франција Никола Саркози и на Бразил Луиз Инацио Лула да Силва, денеска се договориле за заеднички пристап кон климатските промени пред конференцијата за клима која треба да се одржи наредниот месец во Копенхаген. Саркози изјавил дека ќе бараат и други подржувачи на нивниот план, без да каже детали за тоа каков им е планот. Претходно Бразил, објави дека планира да ги намали своите емисии на стакленички гас за речиси 40 проценти до 2020 година.


XS
SM
MD
LG