Достапни линкови

Во Авганистан ќе се формира суд за корумпирани министри


Авганистанскиот јавен обвинител, Ешаг Алеко изјавил денеска дека треба да се воспостави нов суд кој ќе се справува со корумпираните министри. Алеко за Радио слободна Европа изјавил дека од претседателот Хамид Карзаи му било речено да презеде сериозна акција за да се справи со корумпираните официјални лица. Изјавата на авганистанските власти доаѓа откако меѓународната заедница го повика Карзаи да се справи со корупцијата во земјата.

XS
SM
MD
LG