Достапни линкови

Грција:Македонија има избор да биде Северна или Нова


Република Северна Македонија е единственото прифатливо име за грчката страна е стратегијата што преговарачот Адемантиос Василакис му ја пренел на медијаторот Метју Нимиц, јавува телевизијата Канал5. Грција инсистирала „Северна“ да стои пред Македонија, а би се откажала од тоа само ако македонската страна го прифати терминот Нова Македонија, а нацијата да биде нова македонска,јавува Канал5.
Грција не отстапува ниту од тоа новото име да биде во целокупна употреба во меѓународните односи .Медијаторот Нимиц бил шокиран од грчките ставови пренесени преку амбасадорот Адамантиос Василакис, со кои Атина се враќа на позициите за името од 1992 година и засега не закажал средба со двајцата преговарачи, јавува Канал 5 телевизија
XS
SM
MD
LG