Достапни линкови

Грција повикува на конструктивност од македонска страна


Поранешна Југословенска Република Македонија, да прекине со националистичката реторика и со злоупотребата на грчката историја и култура и да започне конструктивен дијалог со Грција, повикал денеска заменик министерот за надворешни работи на Грција, Димитрас Друцас во интервју за атинскиот весник Елефтеротипија. Тој изјавил дека грчката визија за европско интегрирање на балканските земји не предвидува откажување од основните принципи на надворешната политика. Друцас повторил дека услов за започнување на преговори за полноправно членство на земјата во Европската унија е решавање на спорот со името врз основа на сложено име со географска одредница, за севкупна употреба.
XS
SM
MD
LG