Достапни линкови

Зголемено полициско присуство за изборите во Косово


Од косовската полиција соопштиле дека повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат на должност за време на утрешните локални избори во земјата. Тие треба да ги спречат евентуалните инциденти, како што беше денешниот кога пред канцеларијата на опозиционата Алијанса за иднина на Косово беше поставена граната. Косовската полиција и припадниците на НАТО биле повикани денеска да ја остранат гранатата. Утрешните избори се први откако Косово прогласни независност минатата година.

XS
SM
MD
LG