Достапни линкови

Словенија ќе учествува во гасоводот Јужен тек


Близок помошник на рускиот премиер Владимир Путин денеска изјавил дека со Словенија ќе потпишат договор за учество во гасоводот Јужен тек. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјавил дека договорот ќе биде потпишан подоцна денеска од страна на рускиот премиер Пунин и словенечкиот Борут Пахор. Проктот за гасоводот Јужен тек се очекува да биде завршен до 2015-та и треба да ја снабдува Европа со руски гас но да се избегне Украина која досега беше транзитна земја, и гасот во ЕУ да стига преку Бугарија. Гасоводот е финансиран од страна на руската компанија за гас "Гаспром" и италијанската „ Ени“.
XS
SM
MD
LG