Достапни линкови

Убиени 20 милитанти во Чеченија ?


Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров соопшти дека безбедносните сили убиле над 20 иламистички бунтовници. Во информацијата, објавена на чеченската официјална веб страница, Кадиров наведува дека врз бунтовниците најнапред бил отворен оган од хеликоптери, а потоа бил извршен и копнен напад на специјалните единици, на 30 километри југо-западно од Грозни. Во обраќањето до нацијата во четвртокот, рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека насилствата во Чеченија, Дагестан и Ингушетија се најголемиот руски домашен проблем.
XS
SM
MD
LG