Достапни линкови

Обама на самитот на АПЕК во Сингапур



Американскиот претседател Барак Обама, во рамките на азијската турнеја, денеска допатува во Сингапур на состанокот на организацијата за Азијско – Пацифичка Економска Соработка. Обама претходно беше во посета на Јапонија каде што вети поголемо американско ангажирање во Азија во интерес на безбедноста. Обама оцени и дека силна и просперитетна Кина може да биде фактор на стабилност во целиот регион. Обама ја повика Северна Кореја да се врати на 6-партитните преговори за нејзината нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG