Достапни линкови

Обвинетите за нападите врз САД на цивилен суд во Њујорк


За пет лица, обвинети за терористичките напади врз Соединетите држави на 11 септември 2001 година ќе биде организирано судење пред цивилен суд во Њујорк. Ове денеска го изјави американскиот министер за правда Ерик Холдер, наведувајќи дека американските власти ќе побараат смртна казна. Меѓу петте лица е и Халид Шеик Мохамед за кој се наведува дека бил мозокот на терористичките напади во кои загинаа околу 3 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG