Достапни линкови

Фуере оптимист за решение на спорот за името до декември


,,Ако Македонија годинава добие датум за почеток на преговори, до 2014 би можела да биде членка на Европската унија,, изјави евроамбсадорот во Македонија Ерван Фуере на денешната трибина во Државниот универзитет во Тетово посветена на европските интеграции на Западен Балкан. Фуере изразил оптимизам дека до декември ќе се изнајде решение за името и оти владите на Македонија и Грција ќе смогнат сили да го затворат прашањето.
XS
SM
MD
LG